20. години го чекал својот момент и’го дочекал.
Еден човек познат само како В. Браун, открил дека уплаќал лотаријата со исти броеви, со минимални измени веќе две децении, бидејќи за него тие бројки имале значење.
Еден човек од Јамајка дошол да ја земе својата награда за лотарија облечен како Дарт Вадер, суперхерој од сагата на филмот „Војна на Ѕвездите“.
Среќниот добитник изјавил дека секогаш верувал дека еден ден ќе го освои џекпотот и ќе го промени животот на подобро.
„Отсекогаш сум имал тежок живот. Јас потекнувам од сиромашно семејство. Понекогаш не можев да одам на училиште затоа што моите родители не можеа да си го дозволат тоа, но си реков на себеси дека Бог еден ден ќе ми помогне за да можам да му помогнам на моето семејство“, рекол тој.
Lottery winner hides identity with Darth Vader costume https://t.co/x3bFAFBpbH pic.twitter.com/lGtWIJYpNI
— NewsBop! (@NewsBop) July 20, 2020
Гејл Абрахамс, потпретседател на локалното лотариско друштво, му го предал на Вајдлер чекот од 95. милиони јамајкански долари (повеќе од 650.000 долари).
Локалните медиуми пишуваат дека среќните добитници од Јамајка честопати носат маски кога собираат награди за да го сокријат својот идентитет.