Ники Минаж, Малума и Мајријам Фарес утре ќе ја објават новата химна на Светското првенство во Катар со наслов „Тукох Така“.
Оваа песна е прва во историјата на СП во која ќе се комбинираат англиски, шпански и арапски јазици. Секако, синглот ќе излезе со спотот. Ова е соработка помеѓу издавачките куќи Universal Arabic Music, Universal Music и Republic Records.
View this post on Instagram
„Оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Мајријам Фарес. Песната е за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различностите”, објавил музичкиот магазин „Билборд“.
Многу обожаватели на Ники Минаж се возбудени поради новата песна. Сепак, некои од нив ја критикуваа нејзината соработка со Светското првенство поради нејзиниот дискриминаторски однос кон ЛГБТ луѓето.
„Не можам да верувам дека промоцијата ви е поважна од заштитата на ЛГБТ заедницата“, напишал еден корисник на Твитер.
„Ова е големо разочарување“, додал друг.
Раперот се уште не се изјаснил за овие обвинувања.
Фото: Принтскрин/Instagram