Американката Меди го привлече вниманието на социјалните мрежи каде објави видео во кое тврди дека нејзиното момче е многу поубаво од неа.
„Мојот дечко е далеку поубав од мене, никој не може да верува дека сме заедно кога ќе ме види“, тврди младата Американка и додава дека е потполно надвор од нејзината лига.
Во серијата фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, Меди гордо го покажува своето згодно момче.
@travelwithmadi Beard, mustache, short hair, long hair, HE MY TYPE!!! HE MY BOO! #hotbfcheck #futurehusband #mytype #couplegoals #outofmyleague #nottoflexbut ♬ I Like Him – Princess Nokia
„Мојот маж е многу поубав од мене. Брадата, мустаќите, косата… Тој е мој”, вели Мади.
Многумина во коментарите се согласиле со неа и го споредиле нејзиното момче со згодните актери Лук и Лиам Хемсворт.
„Дали тој е еден од браќата Хемсворт?“, била прашана.
Сепак, има и такви кои веруваат дека таа е подеднакво убава и згодна.
„Мислам дека тој воопшто не е надвор од вашата лига. Вие сте прекрасни”, „Со сета почит, тој е супер убав, но и вие сте прекрасни. Прекрасна двојка, честитки”, „Престани да го кажуваш тоа, те молам. Да, тој е добар, но не го гледаш она што другите го гледаат, а тоа е дека си премногу жешка. Исто толку си вредна. Те молам знај дека и ти вредиш“, ѝ порачале под видеото кое собра речиси 100 илјади прегледи.
Фото: Instagram