(ФОТО) ДИЗАЈНИ НА ВИВИЕН ВЕСТВУД – Салма Хаек во деколтиран фустан го привлече вниманието на доделувањето на GQ наградите

Актерката Салма Хаек на доделувањето на магазинот GQ во Лондон се појави во деколтиран фустан и со тоа го привлече вниманието.
Фустанот е дизајниран од Вивиен Вествуд. Салма изгледот го комплетирала со обетки од скапоцени камења. Таа се одлучила за нагласена шминка.
На овој настан присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои: Зои Кравиц, Сиднеј Свини, Пол Мескал, Џозеф Квин, Мо Фарах…


Претходно во интервју за магазинот Allure, Салма откри што најмногу и помага во одржувањето на младешкиот изглед.
„Серумот најмногу ми помогна на кожата. Мора да го нанесувате секое утро и секоја вечер. Во спротивно, нема да делува”, рекла таа.
Оваа актерка наскоро ќе почне да го промовира анимираниот филм „Мачорот во чизми: Последната желба“. Таа го позајми својот глас на Кити Softpaws. Филмот ќе почне да се прикажува во кината во САД на 21 декември.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …