(ВИДЕО) Новиот соло-албум “Divergence” на Дамир Пух од вчера е достапен на сите големи стриминг платформи

Албумот содржи девет песни, од кои осум се нови и досега необјавени дела. Стилски, албумот се наоѓа во рамките на модерниот, инструментален прогресивен метал, со силни електронски влијанија, сепак задржувајќи го стилот и уникатниот печат на Дамир како гитарист и продуцент. Освен дигитално, албумот е издаден и како физичко издание (CD) во лимитиран тираж.

Албумот е издаден од ПМГ Рекордингс, и е проект поддржан од Министерството за култура.


This image has an empty alt attribute; its file name is Front.png

– Поминаа повеќе од 5 години од издавањето на мојот деби-албум “Recollection”, и сметам дека “Divergence” совршено го отсликува овој период на зреење, еволуирање и дефинирање како комплетен музичар и артист. Во овие 5 години имав привилегија да работам на музика што припаѓа и на комерцијалната и на алтернативната сцена, како и да соработувам со одлични музичари од Македонија и од странство. Дел од тоа искуство е преточено на овој албум, спакувано во естетска рамка која мене лично ми нуди најголема слобода во музичкиот израз.
Музиката која ја сработив е слоевита, интензивна и бескомпромисна. Зад неа се потпишувам како целосен автор, изведувач и продуцент и истата е реализирана на највисоко свирачко и продукциско ниво. Искрено се надевам дека љубителите на овој тип на музика ќе уживаат во ова издание и дека ќе ги инспирира музичарите од помладата генерација да продолжат да творат и да ја збогатуваат македонската алтернативна сцена.”


На линкот подолу можете да ги преслушате новите композиции на Дамир Пух.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПЛАТОТО НА УКИМ: МАКЕДОНСКИТЕ ХИТОВИ ДОБИВААТ НОВО РУВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Скопје утре ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл! Со почеток во 20 часот, платото …