Трамп признал се за кавгите со Меланија во Белата куќа: „И велев да ме остави“

Доналд Трамп официјално ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година и ја претстави својата нова кампања на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, каде се појави во друштво на неговата сопруга Меланија.
Во својот говор тој открил дека неговата сопруга поминала многу тешко во Белата куќа.
„Тоа не беше радост за нашата голема прва дама. Тоа не беше пријатно патување. Ќе дојдев дома и таа ќе ми кажеше дека изгледам луто и вознемирено. Потоа ќе и кажев да ме остави на мир. Не и беше најлесно, но таа беше одлична прва дама и луѓето ја сакаат“, изјавил поранешниот американски претседател.
Меланија од публиката била поздравена со голем аплауз. Таа за претставувањето на кампањата носела кошула со точки, бело здолниште и бели салонки.
Покрај сопругата, Трамп во говорот го споменал и својот син Ерик, шегувајќи се дека добил „повеќе судски покани од кој било во историјата на нивната земја“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …