(ВИДЕО) Србија и Словенија во финалето: Вечер со многу атрактивни и динамични настапи!

Во Лисабон, благодарение на победата на Салвадор Собрал,  Португалија се одржува годинешната „Песна на Евровизија“ под мотото „All Aboard”.

После втората полуфинална вечер во финалето се пласираа: Србија, Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија.
Од екипата која директно е пласирана во финалето,а е дел од големата петорка, синоќа се претставија претставниците на Франција, Германија и Италија.
Дуото од Франција ја освоило публиката со песната „Mercy”.


Мајкл Шулт одлично ја претставил Германија со песната „You let me Walk Alone”.


Италијанците пак, кои победија на фестивалот Сан Ремо, измамиле воодушевување со неколку стихови од „Воларе“ – песната на Доменико Модуњо, а во сабота ќе се претстават со „Non Mi Avete Fatto Niente”.


Минатогодиниот домаќин на натпреварувањето, Украина, својата земја ја претстави со песната „Under the Ladder”.

Словенката Леа Сирк имаше одличен штос и многу симпатично ја донесе нејзината песна „Фала, не“.

Шведскиот Џастин Бибер, Бенџамин Ингросо, својата татковина ја претстави со песната „Dance You Off”.

Музичарката Лаура сите ги освои со заводливиот настап за песната „Funny Gril”!

Унгарија ја претстви бенд со песна која е посветена на починатиот татко на еден од членовите. Така порачале „Збогум лето“.

Кристабел со песната „Taboo” моќно ја претстави Малта.

Полска на годинешното натпреварување се претстави со песната „Light me Up” која ја изведуваат Громе со Лукас Меиер.

„Добро утро Австралијо, веруваме дека со некој добар појадок гласате и навивате за претставничката“ ја најавила оваа земја водителката.

Холандија веќе победила на Евросонгот а дали и оваа година ќе успеат ќе видиме по настапот на групата „Вајлон“ со песната „Outlaw in ’em”.

Веселата песна на Молдавија се орела по Лисабон. „До ре дос“ ја изведуваат песната „My Lucky Day”.

Данска оваа година Ресмусен ја претстави во викиншки стил кој сака на својата земја да и донесе нов трофеј, прв после 2013.

Србија настапи како трета но тоа не ги спречи да дојдат до финалето.

Александар Рибак, кој во 2009. година ја однел победата во Русија, ја отвори втората полуфинална вечер во Лисабон, Нему му прападнала и честа да ја изведе 1.500 композиција на овој музички натпревар.
Оваа година Норвешка ја претставува со песната „That’s How You Write A Song”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …