(ФОТО) Жак Хоудек со жестоки критики кон минатогодишниот победник, Салвадор Собрал: „Срам да ти е!Ја измами цела Европа“

Хрватскиот музичар се налутил што  минатогодишниот победник на Евросонг, Салвадор Собрал, изјавил дека е среќен што ова година не мора да ги слуша песните на Евросонг и изјавил дека песната на израелската претставничка е ужасна.
Минатогодишниот победник на Евросонг, Салвадор Собрал, со својата изјава за израелската претставничка Нета, на годинешниот Евросонг го збеснал хрватскиот музичар Жак Хоудек.
„Јутјуб мислеше дека ќе ми се допадне израелската песна. Ја пуштив и го слушнав тој ужас. За среќа, оваа година не морам да слушам ништо од тоа“ изјавил Собрал.
Откако ја прочитал неговата изјава Хоудек се осврнал на тоа и лутито коментирајќи му порачал на португалскиот пејач дека може да се срами.

Ја пренесуваме, во целост, изјавата на Хоудек на Фејсбук:
„Срам да ти е, Салвдор Собрал. Дали е ова начин на кој би требало да говори победник на Евросонг? Многу се трудевте себе да се прикажеш како понизен човек и искрен уметник и можеби ја измамивте цела Европа, но не и мене! Дозволете да ви кажам нешто, Салвадор Собрал, минатата година кога ги пропуштивте сите проби на Евросонг и наместо вас ги одработи вашата сестра, тогаш ЕБУ требаше да ве дисквалификува. Тоа беше непрофесионално и исклучително нечесно кон сите нас кои бевме таму и ја одработивме таа работа. Многу е тажно и жално што сте биле болни, но, морам тоа да го кажам, во таква ситуација не се прифаќа така обемен проект како што е Евросонг. Дури и во својот победнички говор бевте непријатен кон нас, останатите натпреварувачи, а сега сте уште понепријтаен и непристоен кон израелската претставничка Нета и нејзината песна. Тоа е многу некултутно и неумесно за господин како тебе. Поради тоа треба да се извиниш и тоа што порано.
Не си само победник на Евросонг, ти си сега и домаќин и поради тоа таквото однесување е уѓште полошо. Ако толку го мразиш Евросонг, никогаш не си требал ниту да учествуваш. Сега уште тврдиш дека сакаш да се оддалечиш од фактот дека си победил. Ама ајде!Твојата изјава дека лани си бил присилен да ги слушаш сите песни на Евросонг, а оваа година тоа не мораш и си среќен поради тоа, тоа само говори каква личност си. Сите тие млади уметници имаат свои соништа и во овој момент се под голем притисок, а ти ги напаѓаш?
Себе се сметаш за голем уметник, тоа е твое право, но всушност си позер. Навистина мислиш дека е „кул“ да се глуми незаинтересираност? Не е! Мислиш дека ваквото однесување те прави уште поголем уметник во очите на јавноста? Тоа на сите ни покажува дека си лажен, баш како што беше лажен и пред една година кога победи. Да, победи на Евросонг, но за мене не си победник. На сите натпреварувачи им посакувам многу среќа на годинешниот Евросонг. Поздрави и бакнежи од сончевата Хрватска“ напишал Жак.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …