(ВИДЕО) Снимки кои ги прикажуваат сите ужаси на војната: Урнати згради, густ чад го обвиткал градот

Западните медиуми објавија видео од целосно уништениот град Бородјанка, кој се наоѓа на 60. километри од Киев.
На видеото се гледаат уништените згради, од кои повеќето сè уште горат, како и фактот дека целиот град е покриен со густ облак чад.


Исто така, на видеото создадено од дрон се гледаат руски воени возила кои влегле во овој украински град.
Да потсетиме, со одлука на претседателот на Русија, Владимир Путин, пред точно осум дена започна нападот на руската армија врз таа земја. Оттогаш, гранатирање е забележано во повеќето градови на истокот и југот, но и во главниот град Киев и вториот по големина украински град Харков.
Ноќта меѓу четвртокот и петокот на мета беше и нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, по што избувна пожар но на време беше совладан. Централата сега е во рацете на руската војска.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …