(ФОТО) Најубавата жена во историјата на филмот изгледа магично, прекрасната Изабел Аџани

Убавата француска актерка Изабел Аџани плени со својата елеганција, харизма и убавина во седмата деценија. Неодамна ја видовме на ревијата на Диор во Париз во долг црн капут во А линија, а го надополни со ефектни, шик детали – шал врзан во ретро стил и ракавици.

Оваа актерка важи за жена со извонредна убавина, но ја краси и голем талент, а во кариерата пет пати ја добила француската награда „Цезар“. Во 1981 година во Кан ја добила двојната награда за најдобра актерка.
И покрај убавината и актерските успеси, таа немаше многу среќа во љубовта. Првиот син го добила во 1979. година со кинематографот Бруно Натон, а трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис и го скршил срцето.



Нивната врска траела 6. години, а завршила во годината кога се родил нивниот син Габриел. Се пишуваше дека актерот ја оставил додека била бремена, и тоа поради Џулија Робертс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …