(ВИДЕО) Скандал на австралиската телевизија: „Ѓоковиќ е лажлив, подмолен ш**ак“

НОВАК ЃОКОВИЌ со денови е главна тема во Австралија, но и една од главните спортски теми во светот воопшто. Неговиот спор со австралиските власти го покриваат сите светски медиуми, а на една австралиска телевизија се случи голем гаф.
Водителките на емисијата на австралискиот Channel 7, очигледно несвесни дека ги снимаат камерите, го озборуваат и навредуваат Ѓоковиќ, а снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи.
„Ѓоковиќ е еден лажлив, подмолен шупак! Кога ќе погледнете, неспретно е што сите се вклучија“, зборуваат водителите и додаваат:
„Тој вели дека, божем, не отишол во Шпанија… Ма, ќе му помине сето тоа, ќе се извлече. Што ние добивме од тоа што го ставивме во имиграциски камп? Што е со луѓето кои беа во истиот авион, а што е со онаа тенисерка што ја избркаа?“
Снимањето запира тука, но не треба да се чуди ако остатокот од разговорот наскоро се појави во јавноста.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …