(ФОТО) Политичар од прозорец ја фотографирал сопругата како го чисти снегот со лопата по 12-часовна смена

Министерот за економски развој во канадската провинција Манитоба, Џон Рејес, на Твитер објавил фотографија од неговата сопруга како со лопата чисти снег пред куќата по 12-часовна ноќна смена во болницата.
„Дури и по 12-часовна ноќна смена во болницата, мојата сопруга сè уште има енергија да го исчисти патот. Господ да ги благослови нив и сите наши борци на првата линија. Време е да направам појадок“, напишал Рејес во описот на фотографијата.


Неговата објава предизвика бројни негативни коментари кај корисниците, а била покрената и онлајн петиција со која се бара медицинската сестра да се разведе од својот мрзлив сопруг.
„Зошто не го направи тоа сам? Што не е во ред со тебе?” коментирал еден корисник.
„Таа го прави тоа додека вие гледате. Таа го прави тоа додека вие само варите јајца“, додал друг.
По бранот лути коментари, Синтија Рејес решила да го заштити својот сопруг.
„Се што сакав беше лопата“, напишала таа на нејзиниот очигледно новоотворен профил.

Рејес потоа искажал љубов и благодарност на својата сопруга.
„Мојата сопруга е неверојатна, и дома и на работа. Јас сум вечно благодарен на неа и на сето она што го прави. Ја сакам многу. Среќен сум што доби светското признание што го заслужува и тоа служи како потсетник за сите – особено за мене денес – дека никогаш не можеме да направиме доволно за да ја изразиме нашата благодарност до здравствените работници“, изјавил тој за CBC News.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …