АКТЕРКАТА Миранда Фрајер, која како дете глумеше во популарната австралиска серија „Соседи“, починала на 34-годишна возраст.
Миранда е пронајдена во нејзиниот дом во Мелбурн, пишуваат локалните медиуми. Причината за смртта се уште не е официјално утврдена, но членовите на нејзиното семејство велат дека таа имала проблеми со срцето и починала во сон.
„Она што се случи беше сосема неочекувано, сè уште не знаеме со сигурност која е причината, но со оглед на нашата семејна историја, се чини дека нејзиното срце откажало за време на спиењето. Таа мирно замина“, напишал нејзиниот брат Џереми на Фејсбук.
Во 1989. година, на само 18. месеци, Миранда ја добила улогата на Скај, ќерката на ТВ ликовите Џо Мегел и Кери Бишоп. Таа улога ја играше три години.
Фото: Facebook