Објавени се деталите за смртта на Боб Сагет

Комичарот и актер Боб Сагет е пронајден мртов во својот кревет во луксузна хотелска соба на Флорида „без знаци на траума“, се вели во извештајот од канцеларијата на шерифот објавен во понеделникот.
Немало траги на насилство, а самата соба беше во ред, „со предмети во сопственост на господинот Сагет на ноќното орманче, телевизиското орманче, орманот и бањата“, се додава во известувањето од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ.
Од подрачната канцеларија на судска медицина соопштиле дека обдукцијата била извршена во понеделник наутро.
„Во овој момент, нема докази за употреба на дрога или насилни активности“, напишал главниот медицински иследник Џошуа Стефани.

View this post on Instagram

A post shared by Bob (@bobsaget)


Завршувањето на истрагата и обдукцискиот извештај кој би ја открил официјалната причина и начинот на смртта се очекува во следните 10. до 12. недели.
Левата рака на Сагет била над градите, а десната била потпрена на креветот кога болничарите пристигнале во неговата соба во „Риц Карлтон“, Орландо, во неделата и го прогласиле за мртов, се вели во извештајот од канцеларијата на шерифот.
Сагет требало да се одјави од својата соба во недела, а кога членовите на семејството не можеле да контактираат со него, контактирале со тимот за обезбедување на хотелот, кој испратил чувар во неговата соба, се вели во извештајот на шерифот.
Кога работничката Џоди Ли Харисон влегла во собата, сите светла биле исклучени. Таа го нашла нашол Сагет на креветот и студен на допир, рекла таа, се наведува во извештајот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …