(ВИДЕО) РУСКИ ВОЈНИК ОТКРИЛ ЗОШТО УБИЛ 8. КОЛЕГИ: „Ми се закануваа со силување и постојано ме малтретираа!“

Руски војник, кој минатиот месец убил осум колеги во источна Русија, рекол дека тој реагирал на постојаното вознемирување и закани за силување.
Дваесет и тригодишниот Рамил Шамсутдинов бил уапсен на 25 октомври во воена база и обвинет за убиство. Руското Министерство за одбрана го обвинило нервниот слом, но подоцна извештаите укажуваат на наводно вознемирување во единицата во изолираниот град Горни.
„Офицерите рекоа дека тој ден ќе ме силуваат“, рекол Шамсутдинов. „Знам дека тоа им го направија и на други пред мене. Немаше излез. Ако таа ноќ беше мој ред, што би требало да направам“, додал тој. Неговиот татко Салимзан Шамсутдинов рекол дека имало постојано вознемирување во базата што предизвикало неговиот син дас попушти.
Според него, младиот војник не жали за своите постапки. „Жал ми е, немав избор. Или ќе ме убијат или ќе ги убијам“, му испратил порака на неговиот татко преку руските медиуми. Тој додал дека му е жал единствено поради тоа што случајно ги погодил неговите двајца колеги, но дека не жали за останатите. Според Баз, сето тоа започнало кога неговите претпоставени го украле неговиот мобилен телефон четири месеци пред пукањето а не останало само на физичко насилство.


Во меѓувреме, лидерот на групата „Руски офицери“ рекол дека нема систематско вознемирување на војската и за делото на Шамсутдин ги обвинил насилните видео игри. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шогу исто така рекол дека насилството повеќе не е системски проблем во руската војска. „Нема место за малтретирање во војската“, рекол Шојгу.
Сепак, „Гардијан“ пренесува дека локалниот портал 72.ru објавил дека командантот на базата барал пари од војниците, ги принудувала со денови да се будни и дека младите војници ги злоупотребува на различни начини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …