Девин Блејк Лангфорд, американско момче кое преживеало грозоморниот напад, за кој се чини дека го извршил еден од мексиканските нарко картели, скрил шест браќа и сестри во грмушките, а потоа одел 23 километри за да повика помош.
Во масакрот, во понеделникот, на локалниот пат во мексиканската држава Сонора, на границата со Соединетите држави, девет члена на семејството Мормон, три мајки и шест деца биле убиени во заседа од убијци на нарко картел.
Осум деца, од кои некои само бебиња, го преживеале нападот на убијци од нарко картел во Мексико, во кој биле убиени нивните мајки, но поминале низ пекол криејќи се во грмушките со часови додека некои шетале со километри барајќи помош, пишува агенцијата АП.
„Откако ги видел неговата мајка и брат како умираат, Девин ги скрил своите шест браќа и сестри во грмушка и ги покрил со гранчиња за да бидат безбедни додека не најде помош. Откако не се вратил долго време, неговата деветгодишна сестра го напуштила засолништето со надеж дека ќе дојде до селото“, изјавила нивната братучетка Кендра Милер.
Малото девојче Мекензи Рајн Лангфорд, со часови шетало во темницата, сè додека не било пронајдено неколку часа откако другите деца биле спасени. Децата биле сами повеќе од шест часа.
Во снимките од разговорите меѓу спасувачите, може да се слушне дека се водела дебата за тешката одлука дали да се ризикуваат повеќе животи или да се чека пристигнување на мексиканската армија.
Кога ги нашле децата, нашле страшен поглед.
Осумгодишната Коди Грејсон Лангфорд била погодена во вилицата и обилно крварела, додека другао девојче било погодено во ногата и грбот.
Напаѓачите со куршуми ги опсипале трите возила на жртвите кои живеат во северниот дел на Мексико, а едно од возилата е целосно опожарено.
АП наведува дека една од жените во автомобилот, Кристина Ленгфорд Џонсон, го скрила своето бебе на подот на автомобилот и излегла да мавта со рацете за да покаже дека не е закана. Таа можеби се оддалечила од возилото за да го одвлече вниманието на убијците од детето, а нејзиното распарчено тело е пронајдено 15 метри од автомобилот.
Нападот го преживеале осум деца, но она што го преживеале во оддалечените планински области на Сонора е скоро неописливо, според АП.
Пет деца биле толку многу повредени што мексиканските власти со воен хеликоптер ги пренеле до границата за да добијат медицинска помош во Соединетите држави.
Медицинските службеници рекле дека децата биле во стабилна состојба во моментот кога тргнале на патувањето.
Трите преостанати деца кои не беа повредени, и биле сместени од членовите на семејството во селото Ла Мора.
Мексиканските власти соопштиледека биле жртви на размена на идентитетот и дека напаѓачите веројатно сметале дека големото тересно возило му припаѓа на ривалската банда.
Жртвите живееле во северната мексиканска држава Сонора, во селото Ла Мора, 70 километри од Даглас, Аризона, во повеќе децениска населба основана како дел од Црквата на Исус Христос на нови светци.
Повеќето членови на таа црква се родени во Мексико и имаат двојно државјанство.
Жителите на Ла Море се нарекуваат себеси мормони, иако тие не се официјално поврзани со ниту една црква.
Ова не е првпат припадниците на таа црква да бидат нападнати во северниот дел на Мексико, каде нивните предци се населиле пред децении. Бенјамин Лебарон, активист за борба против криминалот, поврзан со убиените во нападот, бил убиен во 2009. година во соседната Чивава.