(ФОТО) ДВОРЕЦОТ КРИЕ ГОЛЕМА ТАЈНА: Иако се смета за едно од најромантичните места на светот зад омилената дестинација на вљубените стои трагична приказна

Дворецот Боулдт се вбројува меѓу најатрактивните светски локации за венчавка. Сместен е на романтичниот „Остров на срца“ кој е дел од архипелагот „Илјада острови“ на реката Сент. Лоренц. Станува збор за погранично подрачје кое го дели САД од Канада, географски гледано, реката Сент Лоренц ги спојува Големите езера со Атлантскиот океан.
На тоа посебно место американски бизнисмен од почетокот на минатиот век, Џорџ Болдт, одлучил да изгради дворец како споменик на љубовта кон својата сопруга. Тоа бил роденденски подарок, а симболиката да биде посилна, сопругата Луис била родена на Денот на вљубените, 14. февруари.


Изградбата ненадејно прекината
Болдт, кој бил познат по тоа што управувал со славниот хотел „Валдорф-Асториа“ (всушност е збор за два хотели, а Болдт – убедувајќи ги скараните роднини, Вилијам Валдорф Астор и Џон Џејкоб Астор IV кои секој имале хотел, успеал да ги спои) со проектот започнал во 1900. година. Дворецот идејно бил спој на викторијански и средновековни стилови, а на неговата работа биле ангажирани околу 300. работници. Тоа требало да биде зграда од шест спратови, со 127. соби и нешто помалку од 2.000 квадратни метри.
Но, неговата сопруга ненадејно, од инфаркт, починала во 1904. година на возраст од 41. година, а тогаш Болдт се откажал од градбата. После тоа повеќе никогаш не стапнал на островот.


Реновирањето почнало после 70. години
Повеќе од 70. години биле потребни проектот да биде продолжен. Зданието го презела агенцијата „Thousand Islands Bridge“ – надлежна за управување со мостовите на реката Сент Лоренц – за еден долар, но се обврзале дека дворецот ќе го обноват според првичниот нацрт. Се проценува дека во обновата биле потрошени 15.милиони долари.
Од 1977. година е отворен за јавност и оттогаш не му се намалува популарноста. И покрај тоа што има 127. соби, интересно е дека ниту денес не работи како хотел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не го прочитал упатството – Јутјубер се пофалил дека купил монтажна куќа на Амазон: Се изненадил кога сфатил што добил!!!

Популарниот јутјубер Нејтан Греам на својот канал „Unspeakable“ се пофалил како купил монтажна куќа на …