(ВИДЕО) Принцот Хари од својот дом во Америка испратил порака:Она што го рекол е многу важно во овој момент!

Принцот испратил видео порака до јавноста за време на пандемијата на вирусот корона…
Принцот Хари (35) испрати видео порака од неговиот нов дом во Лос Ангелес за да го означи отворањето на Меѓународните воени параолимписки игри во 2020 година, што требаше да се одржи оваа недела.
Во својата видео-порака, тој признал дека неговиот живот драстично се променил откако тој и неговата сопруга Меган Маркл започнале да живеат независно во Америка.
„Здраво на сите. Додека оваа недела им оддаваме почит на жртвите од Втората светска војна, требаше да се собереме во Холандија за Параолимписките игри. Но, откако последен пат бев во Хаг, нашите животи драстично се сменија, и многу други настани низ целиот свет се одложени. Наскоро ќе бидат објавени нови датуми“, рече Хари, сакајќи на сите да им даде малку утеха и да ги охрабри луѓето во овој тежок период за време на пандемијата на вирусот корона.


„Се надевам дека вашите семејства се добро. Слушнав неверојатни приказни за тоа како семејствата се здружуваат преку Интернет. Бидете внимателни, помислете на оние што заминале“, додал тој.
Принцот, исто така, ја искористи можноста да им се заблагодари на сите што ги поддржале него и Меган во својата одлука да ги напуштат кралските должности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …