(ВИДЕО) Пар за да го откријат полот на бебето ангажирал танчерки на шипка

Забавите за откривање на полот на неродените деца станаа тема на разговор. Луѓето организираат огномети и концерти за семејството и пријателите, а потоа им откриваат дали детето што го очекуваат ќе биде момче или девојче. Но, дали некогаш сте виделе откривање на полот со танц на шипка?
Оваа недела, видеото од две танчерки на шипка на забава за откривање на полот на бебето стана вирално на TikTok. Едната е облечена во розово, другата во сино. Кристина Скарлевски, која за време на забавата дознала дека ќе роди момче, за Insider изјавила дека тоа бил магичен момент.

@krispykreme_poledance Pole Dance Gender Reveal Its a Boy #genderreveal #gender #genderrevealideas #poledance #poledancers #genderrevealparty #genderrevealprank #poledancegenderreveal ♬ Einaudi: Experience – Ludovico Einaudi & Daniel Hope & I Virtuosi Italiani


Идната мајка веќе седум години и самата танцува на шипка. Во 2017. година се вратила од Грција во родната Молдавија и таму отворила своја школа за танц.
„Почнав со тројца луѓе, а сега веќе имам две училишта и продолжувам да го развивам бизнисот“, рекла таа.
За нејзината забава за откривање на полот, таа сакала нешто повеќе од розови и сини балони. Учениците од нејзиното училиште тогаш и предложиле танцова точка, а таа била воодушевена од идејата.

@krispykreme_poledance #itsaboy #genderreveal #boyorgirl #boy💙 ♬ original sound – Krispy Kreme Cristina Scarlevschi


„На сите на забавата, вклучително и на мојот сопруг, им се допадна идејата. Сите ракоплескаа и гледаа со гордост“, додала таа.
Видеото на TikTok го споделила Марија Попа, една од танчерите. Собрала милиони прегледи, а некои шокирало.
„Бев изненаден што луѓето се толку збунети и што танчерите ги нарекуваат стриптизери. Нема да кажам никому што да мисли, но не гледам ништо лошо или грдо во ова. Тоа беше магичен, незаборавен и емотивен момент за мене“, заклучила идната мајка.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …