„Хирурзите можат да прават чуда денес“, рекол тој.
Специјалист од Лондон се согласил на козметичкиот зафат со кој ќе се намали носот на девојчето – иако таа не престанувала да се развива.
Речиси сè што е поврзано со нејзиното детство и растењето било трауматично и диво.
Во првите седум години од нејзиниот живот, Марго и нејзините шест браќа и сестри и нивните родители живееле во Њујорк, во пентхаус во Менхетен. После тоа, нивниот живот станал хаотичен, тие добиле ново презиме, ги спакувале и во брзање ги земале само најважните работи.
„Како нè најдоа? Никој не требаше да знае дека сме тука“, ја слушнала Марго нејзината мајка како зборува. Тие брзо се спакувале и повторно се преселиле, овој пат на Бахамите.
Родителите никогаш не им ги објасниле причините за овој ненадеен потег. Тие ретко зборувале за минатото.
„Беше потполно збунувачки, но мислам дека тоа им се случува на сите деца кои ги лажат, така што тие самите мораат да станат детективи за да ја дознаат вистината“, смета Марго.
Имало многу испивање на коктели, а додека живееле во САД, нејзините родители често оделе во опери, на балети и вечери. На децата им биле „измиени мозоците“ со информации дека не треба да кажуваат никому за своето семејство, а нивниот татко дури ги поучил и на мал трик што ќе ги спречи другите да душкаат.
„Ако некој ве праша нешто за што не треба да зборувате, кажете им дека не сакате да одговорите на овие прашања затоа што тое не е нивна грижа“, рекол тој.
Еден ден, Марго се вратила дома од училиште во Мајами Бич и слушнала дека „лошите луѓе го нашле нејзиниот татко“.
Родителите никогаш не им дале објаснување за ова. Децата знаеле дека е подобро да не прашуваат ништо. Покрај тоа, тие многу се плашеле од својот татко.
Кога ќе се врател дома од работа, ќе седнал на каучот и ќе ги ставел на колена, а потоа ќе ги тепал со рекет за пинг понг, додека неивната мајка ќе стоела од страна и ќе го гледала сето тоа.
Иако Марго ужасно се плашела од татко и, таа првично ја отфрлила неговата идеја да има операција на носот.Дури кога сестра и која била најблиска доѓла во собата плачејќи и кувејќи си ја косата, Марго сфатила дека нема друг избор.
“Те молам, те молам, оперирај го носот. Ако не одиш, тато нема да ми дозволи да ја напуштам куќата”, молела сестрата.
Сите биле очајни во настојувањето што побргу да сеи заминат од своите родители, а Марго не можела да и застане на патот на својата сестра.
„Се чувствував глупаво, и сè што сакав да направам беше да ја заштитам“, се сеќава таа.
По операцијата на носот, тие заминале во Шкотска, потоа во Лондон, а нивниот татко им рекол дека тоа е подобра локација за ширење на бизнисот. Кога неговиот брат праша „каков бизнис“, неговиот татко одговори: „Не заборавај да го понесеш својот џемпер“.
Неколку месеци по пристигнувањето во градот, Марго сфатила дека е во голема неволја.
„Ќе ме убијат“, и плачела по телефон на постарата сестра, која успеала со своето момче да остане во Глазгов.
„Кој ќе те убие“, загрмел нејзиниот татко зад нејзиниот грб, ја грабнал слушалката, ја влечел за коса и ја сврте главата сè додека не открила за што станува збор.
На последниот ден од престојот во Глазгов, Марго трчала кон пабот за да се збогува со својата пријателка. Не можејќи да ја најде, таа прифатила пијалокот од странец со брада и на крајот завршила во неговиот стан, каде љубопитно го набљудувала како ја полни инјекцијата со мешавина од кафеав прав и вода и ја вбризгува во неговата рака. Тие имале секс на црно-белите плочки од неговата бања.
Законот за легализација на абортусот бил воведен во Англија две години порано, во 1967 година, но сепак и понатаму на тоа се гледало со осуда..
Една сестра додека излегувала од нејзината соба и рекла „курво“..
Gepostet von Margo Perin am Mittwoch, 28. August 2019
Кога успеала да се опорави, решила да го „преврти“ животот. Таа во овој период немала никаков контакт со нејзините родители, а колку подалеку била од нив, толку подобро се чувствувала.
Сепак, нејзиното чудно детство сè уште ја збунувало. Неколку години подоцна, кога била контактирана од една сестра која живеела во САД, таа започнала да ја разбира вистината. ФБИ го барала Арден а биле темелно испрашувани сите членови од семејството до кои можеле да дојдат.
До повеќе информации дошла во 2007 година, кога нејзината братучетка дошла до уверение за смрт на нејзиниот татко.
Таа дознала дека тој починал три години порано во Сасекс, по серија мозочни удари, а под делот за професија пишувало економист.
Марго уверение за смртта испратила на ФБИ, а тие потоа и испратилеизвештај на 100 страници за нејзиниот татко, во кој детално била опишана неговата криминална кариера уште од 40-тите години на минатиот век.
„Неговата професија била да краде пари. Тој беше гангстер, ништожник. Но, зошто тој ме натера да извршувам операција на носот? Мислам дека сакаше да го скрие фактот дека сме Евреи и се плашеше дека мојот нос ќе не открие.
Екран//BBC/100posto.hr
Фото: Youtube/Printscreen