Актерката Лејтон Мистер, која стана позната во серијта „Озборувачка“ како размазената богаташка Блер Волдроф, немала ниту сличен живот од оној што го играше во серијалот.
Поточно, нејзиниот татко и мајка, Даг и Констанца, биле вклучени во „матни бизниси“ така што на крајот завршиле во затвор. Тие биле вклучени во ланец за шверц на дрога, кој се транспортирал од Јамајка во Соединетите држави.
Покрај нив, во целата приказна била вмешана и сестрата на мајка и, Џуди. Таа успеала да избега од затвор и со тоа стана првата жена на списокот со 15. најбарани луѓе во САД.
Мајка Констанца ја родила во болница, но по некое време таа сепак морала да се врати во федералниот затвор и да ја издржи казната до крајот. Тогаш за Лејтон се грижеле нејзините баба и дедо, а минатото на нејзините родители никогаш не ја запрело. Нејзините родители се развеле во 1992. година.
На 11-годишна возраст, со мајка и таа се преселила во Њујорк, каде што одела на училиште. Подоцна, на 14-годишна возраст, се преселиле во Лос Ангелес, каде отишла во средно училиште во Холивуд и гимназија на Беверли Хилс. Своето образование го завршила во приватно училиште.
Отприлика во тоа време таа ја започнала својата кариера на модел за дизајнери како Ралф Лорен. Таа се појави и во бројни реклами.
„Сфатив дека не можете да судите никого – особено родителите за она што го правеле во минатото“, изјавила таа за US Magazine во една прилика.
Во 2013. година се свршила за глумецот Адам Броди. Се венчале во 2014. година и после една година ја добиле ќерката Арло Џеј Броди.