(ВИДЕО) „Комета“ е новата песна на Александра Јанева

Александра Јанева го објави видео спотот за третата соработка со Иван Јованов Iwayo.
Новиот сингл носи наслов „Комета” и е секојдневна женска приказна со летен ритам. Зад текстот повторно се потпишува Александра Јанева, а музиката, аранжманот, миксот и мастерот се на Иван Јованов Iwayo.


Видеото за песната е снимено од Pinestel продукција на Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев. За изгледот на пејачката и овој пат се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.
„Комета” е четвртиот сингл на Јанева за оваа година, но останува да видиме дали тука е крајот на музичките новитети во 2019-та.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …