(ВИДЕО) Погледнете го новиот трејлер за „Terminator: Dark Fate”

Шестото продолжение наречено “Terminator: Dark Fate” доби нов трејлер. Ова продолжение е значајно бидејќи во него глумат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон за првпат по “Terminator 2: Judgment Day”.
Новиот филм на режисерот Тим Милер ќе ги следи настаните од 1991. година и потполно ќе ги занемари сите останати продолженија.


Во новиот трејлер, Сара објаснува како таа го спасила светот, но Грејс ѝ објаснува дека тоа не е доволно бидејќи судбината на светот и понатаму е поврзана со уништувањето од Скајнет и роботите.

 


Во филмот се појавуваат Мекензи Дејвис, Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон, Габриел Луна, Натали Рејес и Диего Бонета.
Филмот е продуциран од страна на Џејмс Камерон и Дејвид Елисон. Премиерата на “Terminator: Dark Fate” е закажана за 1-ви ноември 2019 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …