(ВИДЕО) НАНЕСУВА ГОЛЕМА ШТЕТА: Вака изгледаат белите дробови на лицето заразено со коронавирус

Лекарите од универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“ ја зголемуваат свеста за опасностите од коронавирус, а исто така објавиле и ЦТ-снимка од белите дробови на еден пациент.
Познато е дека смртоносниот коронавирус предизвикува симптоми како треска, сува кашлица и задушување, предизвикувајќи огромно оштетување на белите дробови.
Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“ објавила видео во кое се прикажува 3Д модел на КТ-скенирање на белите дробови во кој жолтата боја покажува колку штета предизвикал коронавирусот на ткивото на белите дробови на пациентот.


Соединетите држави водат голема и тешка битка против пандемијата на коронавирус, досега се заразени 311.637 лица, а починале 8.454 лица. Бројот на успешно опоравени е 14.828.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …