(ВИДЕО) Шерон Стоун испратила порака на италијанскиот Црвен крст:„Си ги изложувате животите на опасност!“

Америчката актерка Шерон Стоун во саботата испратила порака за поддршка на персоналот на италијанскиот Црвен крст и ја пофалила нивната „ефикасност и достоинство“ во борбата против новиот коронавирус.
“Гледам видеа на луѓе кои влегуваат за да ги преземат жртвите од коронавирус. Гледам со колку срце го правите тоа. Знам дека ги ставате во опасност животот за да ги извршите овие задачи”, рекла актерката во објавата на Твитер објавена на италијанскиот Црвен крст.


“Сакам да ви кажам колку ви се восхитувам, колку во моите очи е големо тоа што го правите. Вие си ја завршувате работата тивко, ефикасно со многу достоинство и внимание”, додала очигледно трогнатата ѕвезда на филмовите „Сирови страсти“ и „Казино“.
На крајот, актерката во италијанска маица на Црвениот крст додала дека е „длабоко благодарна за работата што ја прават и се моли за нив“.
Во 2018 година, таа го доби златниот медал на Црвениот крст во Рим за посветеноста на хуманитарното делување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …