АЛАРМАНТНО – СВЕТОТ ВО БОРБА СО КОРОНА ВИРУСОТ: Повеќе од 1,2 милиони заболени, скоро 65. илјади мртви…

Четири европски држави, според број на пациенти, ја надминаа Кина
Според Worldometers, вкупно 1.202.435 луѓе се заразени со коронавирус ширум светот. Најновите бројки покажуваат дека бројот на починати од инфекцијата „Ковид-19“ утрово е 64.729.Во исто време биле излечени 246.638 лица.
Светското жариште за коронавирусот е Америка, која е прва по бројот на заразени со 311.635 пациенти. Ситуацијата се влошила и во Шпанија, која ја надмина Италија, земја која долго време се сметаше за европската централна точка за коронавирусот, според бројот на пациенти. Во Шпанија потврдени се 126.168, додека Италија сега е на третото место со 124.632.


Ситуацијата е обратна во однос на смртните случаи, прва е Италија со 15.362 смртни случаи, втора е Шпанија со 11.947, додека Америка е на третото место со 8.454 смртни случаи од коронавирусот.
Потоа следат Германија и Франција, каде бројот на заболени рапидно растат, и овие земји со околу 90.000 заразени, се пред Кина, земја од која се рашири инфекцијата во светот.


Најмногу заболени во САД
Според најновите податоци, бројот на пациенти со коронавирус во Соединетите држави надмина 300.000 случаи. Имено, земјата има најголем број пациенти во светот. Досега починале 8.454 лица во САД и 14.825 се опоравени. Во моментов активни се 311.635 случаи, што е повеќе од Шпанија и Италија заедно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …