(ВИДЕО) Меланија Трамп плачела кога Доналд победил, но тоа не биле солзи на радост!

„Меланија Трамп, која беше уверена дека нејзиниот сопруг нема да стане американски претседател, плачеше во неверување кога Доналд Трамп беше избран“, според експлозивната книга која ги хронизира внатрешните работи на хаотичната администрација на Трамп.
Секретарката за медиуми во Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, смета дека книгата на Вулф е преполна со „лаги и погрешни приказни со поединци кои немаат ниту пристап, ниту влијание во Белата куќа“.
Претставниците на претседателот и првата дама на САД, Доналд и Меланија Трамп ги демантираат наводите изнесени во новата книга на Мајк Вулф, „Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп“, дека првата дама на САД не плачела од среќа во текот на изборната ноќ, како и дека Трамп не очекувал дека ќе победи.
Секретарката за медиуми во Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, смета дека книгата на Вулф е преполна со „лаги и погрешни приказни со поединци кои немаат ниту пристап, ниту влијание во Белата куќа“, пренесува АП.
„Да имаш удел во книга која може да се опише како таблоидна фикција ги покажува нивните очајни обиди да бидат важни“, додала Сендерс.
Портпаролката на првата дама на САД, Стефани Гришам, вели дека Меланија ја поддржала одлуката на својот сопруг да се кандидира за претседател на САД.
„Таа беше убедена дека ќе победи и беше многу среќна кога тоа се случи“, изјавила Гришам.
Трамп ја прекина соработката со својот поранешен главен стратег и близок соработник од времето на претседателската кампања, Стив Бенон, откако крајно десничарскиот популист остро ги критикувал синот и зетот на Трамп поради „предавничкиот“ состанок со Русите во книгата на Вулф.
„Стив Бенон нема ништо со мене, ниту со моето претседателство. Кога беше сменет, не само што ја изгуби работата, туку го изгуби и разумот. Стив не ја претставува мојата база, тој е тука само поради себе самиот“, соопштил Трамп, пренесува Ројтерс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …