(ВИДЕО) Мајкл Даглас објавил видео од Париз, изгледа непрепознатливо поради новата фризура

Мајкл Даглас направил голема промена во својот изглед. 78-годишниот актер за време на викендот објавил видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека ја обоил косата.
Актерот се јавил од балкон во Париз и ја открил новата боја на коса под бејзбол капа. Иако не го спомнува тоа во видеото, Даглас им се обраќа на обожавателите велејќи: „Еј момци, среќен TGIF, нека ви е добар, многу љубов“.

Засега не е јасно зошто познатиот актер решил да ја обои косата во костенлива боја. Даглас ќе го игра Бенџамин Френклин во претстојната серија на Apple TV+ и ќе се појави во „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“, кој треба да се појави во американските кина на 17. февруари 2023. година.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Очекуваат рекордна заработка – „Deadpool & Wolverine“ има најлоши критики од критичарите, публиката го одбележала како најдобро продолжение

Долгоочекуваниот „Deadpool & Wolverine“ постигна најниска оценка од критичарите во споредба со претходните филмови од …