Шерон Стоун ги шокирала своите фанови кога на социјалните мрежи открила дека има тумор кој треба да се отстрани.
Актерката споделила објава на Твитер со детали за нејзиното патување во болница, кое вклучувало неуспешна операција и погрешна дијагноза.
— Sharon Stone (@sharonstone) November 1, 2022
„Само што имав уште една погрешна дијагноза и неправилна процедура“, напишала таа, а потоа открила дека има тумор.
„Не се преправајте дека не е важно. Побарајте второ мислење“
„Овој пат двојна епидурална. Како што болката се влошуваше, отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани“, напишала таа.
Актерката потоа испратила важна порака. „Посебно за дамите: не се преправајте дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот“.
„Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“, заклучила таа.
Нејзините фанови одговориле со бројни пораки на поддршка и добри желби.
Фото: Принтскрин/Instagram