gejmdzem_50x70

„Видео игротека“ продолжува со настани за деца и млади во Скопје

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, на 3 и 4 ноември организира Гејм Џем за деца и млади. Активноста ќе се реализира во фоаје на кино „Синеплекс“ во Сити Мол во период од 11:00 до 15:00 часот и двата дена.

Младите креативци ќе имаат прилика да се запознаат со самиот процес на креирање видео игра и да се обидат самите да направат видео игра. Настанот ќе се реализира во рамки на Саемот на креативни индустрии кој ќе се реализира во истите денови од страна на Балкан Синема Ситис. На овој настан ќе учествуваат повеќе претставници одгејминг индустријата како Гораст Цветковски од Македонската асоцијација за развивање игри МАГДА, претставници од Гејминг ток-шоуто GG.MK, меѓу кои и една од трите најголеми светски компании за видео игри Crazy Lab кои имаат претставништво во Р.С Македонија.


Исто така ќе бидат присутни и креаторите на играта Paint the thing, која што беше избрана за најдобра игра во Европа и се претстави на глобалниот Гејм Џем во Бразил. Станува збор за двајцата млади Охриѓани Марио Павлески и Виктор Попов.

Младите креативци ќе имаат прилика да се запознаат со сите изложувачи и да разменат контакти со присутните од гејминг индустријата.


Идејата на Гејм Џем е младите да се запознааат со креативните можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите, да им се објасни процесот на создавање Видео игри, да ги разберат и да научат креативно да ги користат дигиталните алатки за нивно создавање.

Активноста Гејм Џеме продолжение на третото издание на проектот „Видео игротека“, во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а се реализира со поддршка од Град Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI во рацете на 8,8 милиони луѓе: Револуцијата со вештачката интелигенција навистина сега започнува

Од Ник Портер (Nick Porter), потпретседател на Одделот за MX производи, стратегија и комерција, Samsung …