На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање
Едно лице загинало во експлозија на такси во Ливерпул кога бомбаш самоубиец активирал бомба. За среќа, таксистот преживеал, а била избегната поголема трагедија бидејќи експлозијата се случила пред болницата.
Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возило влегува во болничкиот паркинг и експлодира во моментот на паркирање, пишува DailyMail.
Таксистот Пери (45) се чини дека бил заложник на бомбашите и им сигнализирал на граѓаните да не се приближуваат до автомобилот, бидејќи, на снимката се гледа само неколку секунди по експлозијата, како еден човек притрчал до возилото и го извлекол.
Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да втрча во болница и да ја активира бомбата.
Фото: Принтскрин/YouTube