ВИДЕОТО разнежнило многумина: Едногодишна ќерка на глувонем татко првпат употребила знаковен јазик

Медисон ги воодушевила корисниците на TikTok бидејќи била свесна дека нејзиниот татко не може да ја слушне…
Еден глувонем татко споделил видео на TikTok кое набрзо стана вирално. Имено, Закари, како што се вика, пазарел со својата едногодишна ќерка, кога девојчето за прв пат се обидело да му каже нешто преку знаковен јазик.
Во еден момент, едногодишната Медисон слушнала бебе како плаче од другата страна на маркетот, испуштила пакет кујнски сунѓери и се обидела да му каже на својот татко што се случува преку знаковен јазик.


– Не слушам, но таа слуша и првпат се обидува да ми објасни нешто. Таа само го испушти пакетот на подот, со рацете покажа дека бебето плаче и покажа од каде се слуша. Ова беше феноменален момент – напишал Закарија во описот на видеото кое разнежнило многумина.
Видеото набрзо стана вирално, надминувајќи ја бројката од 21. милион прегледи, а корисниците на TikTok беа воодушевени од малата Медисон. Неверојатно беше тоа што беше свесна дека нејзиниот татко не може да ја слушне и дека таа се обидува со рацете да комуницира со него.

@oursignedworldThis was a WOW moment 🤭 #deaf #deafdad #coda #fatherdaughter #daddysgirl #viral #4u #fyp #ForzaHorizon5GO #signlanguage #asl #toddlersigning


♬ In The Forest (Acoustic Indie No Copyright) – Instrumental – Lesfm

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …