Природни решенија за егзема кои можеби не сте ги пробале досега

Сува, кожа која се рони и чешање на кожата е практично неизбежна во овој период од годината. Но, ако сте еден од 10-те проценти од луѓето во светот со егзема, дури и највнимателната рутина за хидратација ќе престане да функционира со текот на времето.

Затоа, обидете се со неколку природни решенија за овој понекогаш неподнослив проблем.
Повеќето луѓе кои патат од егзема ја добиваат пред својот петти роденден (поточно 90. проценти), пишува Shape. Она што е најфрустрирачко е што овие црвени дамки кои се лупат – не се знаат причините.
„До неодамна се мислеше дека егземата е резултат на проблем со имунолошкиот систем“, вели д-р Боби Бука, дерматолог од Њујорк. „Студиите сега го обвинуваат недостатокот на протеинот, филагрин, кој ги поврзува клетките на кожата како гипс. Значи ако овој протеин недостасува „размаците“ се поголеми, а вашата кожа е подложна на уфрлување на материи меѓу клетките кои не би требало да бидат тука. Тогаш добивате црвенило, лупење и воспаление.
Бидејќи многу лекови и креми делуваат само моментално, или воопшто не делуваат, не би било лошо да пробате неколку природни решенија:


Елиминирајте ги млечните производи
Зошто да го пробате: Елиминациските диети често се користат кога се обидуваат да ја идентификуваат основната причина за здравствен проблем. Поентата е дека воспалението во цревата, дури и ако не сте алергични на млечни производи, може да предизвика воспаление.


Збор на експерт: Ова може да биде голем предизвик. „Видов дека пациентите успеаа да се откажат од млечните производи“, вели д-р Бука. „Но, тоа не е препорака што ја давам на пациентите во поголем обем“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …