Какво време не очекува во наредните 5. дена?

Долгорочните прогнози најавуваат дека зимата нема да биде многу студена, но треба да издржиме уште нешто повеќе од 35. дена до почетокот, но еве какво време најави  УХМР за наредните 5. дена…

Денес (вторник) претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла. Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време, посончево во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 8. до 15. степени.
За среда се најавува променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4, а дневните од 3. до 15. степени.
За четврток се предвидува променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 0°C до 5°C. Максимална температура: 12°C до 17°C.



Во петок во западните делови умерено до значително облачно, а на истокот посончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 1°C до 7°C. Максимална температура: 9°C до 14°C.
За сабота се најавува претпладне умерено до значително облачно, а попладне претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -3°C до 5°C.
Максимална температура: 10°C до 16°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …