Телата на четири лица се пронајдени во стан во зграда во Москва, од каде што порано се слушнало пукањето, изјавила портпаролката на Истражниот комитет во Москва, Јулија Иванова.
Двајца возрасни и две деца биле убиени. Полицијата соопштила дека напаѓачот најверојатно извршил самоубиство.
„Според првичните информации, човекот кој уби три лица, меѓу кои и две деца, се самоубил“, се вели во соопштението.
Инцидентот се случил на улицата „Приорова“ во северозападна Москва.
Истрагата е во тек.