(ВИДЕО+ФОТО) Израелката, после настапот, паднала по скалите!

„Горда сум и трогната што успеав да влезам во финалето. И’ се радувам на саботата и ветувам дека се’ ќе направам да го донесам Евросонгот во Израел“ рекла Нета Барзилаи откако се пласирала во финалето…
Израелската претставничка Нета Барзили (25) е еден од фаворитите на публиката на годинешниот Евросонг, а симпатиите ги освоила со комбинацијата на пеењето битбоксинг и „кокодакање“. Барзилаи на првото полуфинале со песната „Toy“ се пласирала во финалето, но кога после настапот, со танчерите и остатокот од екипата се симнувала се лизнала на скалите.


Ups Israel #eurovision2018 #netta #israel #lisbon #esc


Gepostet von Morten Thomsen am Dienstag, 8. Mai 2018

Израелката била пресреќна после добрите вести и им мавтала на бројните обожаватели во „Алтик Арената“ во Лисабон. Но, во еден момент го „загубила тлото под нозете“ и само се лизнала по скалите и покрај тоа што се обидувала да ја задржи рамнотежата фаќајќи се за држачот.


За среќа, никого „не собрала со себе“, а кога паднала ја дочекал нејзиниот тим и и’ помогнал да стане. Нета на нозете имала патики со штикла како и нејзините танчерки и облекла хеланки и кус фустан а се чинело дека после паѓањето малку накривнува. Позитивно е што Израелката не танцува за време на изведбата на својата песна за Евросонг па незгодата нема да влијае на нејзиниот настап во финалето на Евросонг во сабота.

„Горда сум и трогната што успеав да влезам во финалето. И се радувам на саботата и ветувам дека се’ ќе направам да го донесам Евросонгот во Израел“ рекла Нета.Нејзините фанови велат дека песната „Toy“ е забавна, женска и покажува самодоверба.
Песната ја напишале музичарот Став Бегер и Дорон Медали, автор на песните „Golden Boy“ и „Made of Stars“ со кои Израел се претставил на Евросонг во 2015. и 2016. година. Синглот е скоро потполно на англиски јазик со неколку фрази на хебрејски јазик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …