(ВИДЕО) Домашните тестови, за ковид 19, по цена од 10. евра кои за еден ден биле разграбани во Србија се прецизни 98%

Домашните тестови за корона, кои вчера пристигнале во белградските аптеки, биле разграбани за неколку часа бидејќи белграѓани очигледно брзале да ги набават, особено што чинеле само 10. евра, а биле рпецизни 98%.
Имено, првите тестови пристигнале во аптека во улицата на Кнез Михаилова во попладневните часови, и биле разграбани штом биле ставени на продажба.
Фармацевтот од аптеката напоменал дека употребата на овие тестови е многу комплицирана, дека тие се состојат од пет дела што треба да се состават – треба да земете брис сами, многу длабоко од носот, па фармацевтот смета дека би било посоодветно тоа да го направи лекар или некој обучен медицински персонал.
Фармацевтите објаснувале како се прави овој тест за корона.


„Тоа е придружено со едноставна инструкција – се зема брис од носот со стапче, сликата покажува колку длабоко треба да се стави стапчето во носот, колку долго треба да се чува, а потоа стапчето се стави на плочка. Ако се појават две ленти, тоа значи дека тестот е позитивен и не може да биде лажно позитивен – ако е позитивен, вие сте заразени. А, ако е негативно, не мора да значи дека не сте заразени, тоа е она што го кажува предупредувањето за тестот. Можно е во тој случај да сте навистина негативни, но и дека не е собран доволно материјал за тестот“, вели фармацевтката, Јасминка Бјелетиќ, и посочува дека тестот најдобро се прави на вториот, третиот ден по појавата на симптомите.
Како што било соопштено, пристигнала мала количина, а граѓаните набавувале по 2-3 теста, па бргу се распродале. Се очекува нова количина, но не можат да прецизираат кога ќе пристигне.
Од аптеките посочиле дека овој тест, професионално наречен SGTi-flex COVID-19 Ag, е 98% точен, а производител е Јужна Кореја.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …