Упс! ЕУ политичарка по грешка ги открила цените на вакцините

Белгиски политичар по грешка ги објавила цените на вакцините за коронавирус. Најевтина е онаа произведена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата АстраЗенека.
Со денови Европската комисија одбиваше да ги објави цените на вакцините за коронавирус, кои ги нарачува во име на земјите-членки и кои се плаќаат со парите на даночните обврзници. Комисијата одби да зборува за цените на вакцините, со изговор дека станува збор за „тајна“, бидејќи станува збор за комерцијални договори.
Ценовникот сепак „протече“ во Белгија кога државниот секретар за финансии, Ева де Бликер, по грешка го објави тоа на Твитер, што медиумите веднаш го „уловија“. Политичарката веднаш го избриша твитот, но најтиражниот белгиски весник HLN успеал да направи скриншот на кој се прикажани цените.
Врз основа на ценовникот, вакцините договорени од Европската комисија ќе се плаќаат од 1,78 до 18 евра по доза, пишува „Jutarnji list“.


Првата вакцина што веќе започна да се администрира е Pfizer, со цена од 12. евра по доза. Бидејќи се потребни две дози вакцина Pfizer/Biontek, вакцината од овие компании ќе чини 24 евра.
Најевтина вакцина е Универзитетот во Оксфорд и компанијата АстраЗенеке, која чини 1,78 евра по доза. Производителите на оваа вакцина се обврзале дека нема да заработат на вакцината, која скоро сигурно ќе им биде дистрибуирана на сиромашните земји.

Ценовник:
Oksford/AstraZeneca: €1.78 (евра)
Džonson i Džonson, $8.50 (долари)
Sanofi/GSK: €7.56 (евра)
Biothek/Fajzer: €12 (евра)
KjurVak: €10 (евра)
Moderna: $18 (долари)
Во меѓувреме, белгиската политичарка го обвинила „комуникацискиот тим“ за грешката, но изјавила дека тоа нема да го загрози снабдувањето со вакцини за Белгија.
Европската комисија сè уште „не сака да коментира“ за цената на вакцината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …