(ВИДЕО) Документарниот филм за Дејвид Боуви во јануари: Приказ на борбата со ракот и…

Документарниот филм за животот на легендарниот музичар Дејвид Боуви наскоро ќе ја доживее својата премиера.

Документарецот со наслов “David Bowie: The Last Five Years” ќе прикаже архивски снимки и интервјуа на музичарот од изминатите 50. години кои досега не биле прикажани во јавноста.
Филмот ќе биде прикажан на денот на неговиот 71. роденден, а документирани се моментите од последните години од неговиот живот како и борбата со ракот на црниот дроб.
Боуви беше еден и единствен, генијален додека создаваше музика, а во својата последна песна “Лазарус” откри како се борел со тешката болест, која се обидувал да ја скрие од јавноста. Тој во спотот за новата песна лежи во болнички кревет пеејќи “погледнете горе, јас сум во рајот”.


Дејвид Боуви почина на 10. јануари минатата година, неколку дена пред
објавувањето на последниот албум. Документарниот филм ќе биде премиерно
прикажан во сабота вечер на 7. јануари на Би Би Си 2.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …