Следејќи ја својата мисија, поддршка на спортот во секој облик, годинава компанијата „Пелистерка води“ одлучи дванаесетте месеци за 2018. година да ги одбележат 12. македонски спортистки од најразлични спортови. Имено, станува збор за девојки кои што во своите спортски дисциплини, забележале исклучителни резултати.
„Пелистерка“ го објави својот календар за 2018 година со 12 македонски спортистки. Секоја во спортот и дисциплината што ги претставува, но секоја згодна и сексапилна на свој начин. Идејата е да се покаже дека жените може да бидат убави, но паралелно и силни, упорни и дисциплинирани, е мотото на кампањата. На календарот се Берна Шерифовска (џудо), Дрита Ислами (атлетика),
Едина Муса (кошарка), Елена Чуркоска (кајак), Ивана Јанкова (одбојка), Катерина Николовска (велосипедизам), Леана Таќи (тријатлон), Марија Божиновска (бодибилдинг), Милјана Ристиќ (маратон), Наташа Андонова (фудбал), Нина Ѓорѓевиќ (карате), Стефани Тодорова (кикбокс).

(ФОТО) „Пелистерка“ ја продолжува традицијата: Кои се секси спортистките на годинешниот календар?
Страни: 1 2
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.