(ВИДЕО) Додека пожарот „ја голтал“ зградата, тој „се залепил“ покрај работ и се спасил…

Во Рим, за да се спаси од пожар во станот, момче излегло низ прозорецот. Се залепил за работ на зградата додека ветерот носел големо количество чад во негов правец… Во последен момент бил спасен од пожарникарите…
Снимката од маж кој едвал извлекол жива глава од пожар во зграда во Рим за кусо време станала вирална. Пожарот во зграда во округот Агапио бил изгаснат од пожарникарите. Пожарот се случил во стан на третиот спрат на зградата, а пожарникарите реагирале многу брзо, со два тима, со камионски скали и цистерна го изгаснале пожарот пред било кој да настрада.


Мажот кој се затекнал во станот излегол низ прозорецот и се припил за ѕидот. Од големата жештина ја соблекол маичката и се наголтал чад. Минале неколку минути додека пожарникарите не ги впериле цревата кон прозорецот и му го спасиле животот. Потоа пожарникарската бригада го спасила со помош на скали и го доверила на тимот на брза помош…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …