(ФОТО) Ана Ивановиќ и Швајнштајгер чекаат второ дете:„Многу сме среќни!“

Познатиот фудбалер и тенисерка објавиле дека очекуваат второ дете. На веселата објава на Инстаграм профилот се’ потврдила самата Ана Ивановиќ…
Објавено е дека тенисерката Ана Ивановиќ (31) и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер (34) го чекаат второто дете. Парот кој во март минатата година го доби првото дете, синот Лука, наскоро ќе добие уште едно бебе. Се’ на својот профил на Инстаграм потврдила Ана Ивановиќ.


View this post on Instagram

Our hearts are bursting with joy. 💛 We are going to have another little addition to our family! Two under two 😃👪👶🏻


A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on


„Нашите срца се полни со радост! Нашето семејство ќе добие уште еден член“, напишала Ана покрај фотографијата на која се гледаат четири пара чевли.
Ана и Бастијан денес во Белград ќе присуствуваат на венчавката на братот на Ана, Милош Ивановиќ и Драгана Џајиќ, ќерка на славниот фудбалер.

Ана и Бастијан во брак се од 2016. година. Прво биле пријатели, но пријателството прераснало во љубов. Живеат во Чикаго каде бившиот капитен на фудбалската репрезентација на Германија игра во клубот „Chicago Fire“.
Инаку, Ивановиќ при потпишувањето на спонзорските договори ветила дека ќе игра тенис барем до 30. години и дека нема да прекинува поради деца. Во спротивно, на спонзорите ќе им плаќа „пенали“ и до седум милиони евра.

View this post on Instagram

Happy Valentine’s my love ❤

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …