(ВИДЕО) Дали е неопходно: Пејачката на настап открила дека не може да биде мајка!

„Тоа не е нешто што не’ одредува, но оваа песна ја напишав за себе во моменти на тага и болка, сакав да си пружам радост така што другите луѓе ќе можат да ја слушаат песната во моменти кога им е многу тешко”
Во понеделникот, Џеси Џеј настапила на сцената на “Royal Albert Hall”, а тој момент го искористила да ги сподели тажните вести со своите обожаватели кои ги добила пред четири години.
Пред изведувањето на песната “Four Letter Word”, Џеси и’ се обратила на публиката: “Пред четири години ми беше соопштено дека никогаш нема да можам да имам деца. Не ви го кажувам ова за да ме сожалувате бидејќи јас сум само една од милион мажи и жени кои поминуваат низ ова во светот”, изјавила таа.


„Тоа не е нешто што не’ одредува, но оваа песна ја напишав за себе во моменти на тага и болка, сакав да си пружам радост така што другите луѓе ќе можат да ја слушаат песната во моменти кога им е многу тешко”, додала пејачката.
„Ако некогаш сте искусиле нешто вакво или знаете некој кој проаѓа низ ова или изгубил дете, знајте дека не сте сами во вашата болка. Мислам на сите вас додека ја пеам оваа песна”, емотивно завршила Џеси.


Популарната пејачка е моментално во врска со актерот Ченинг Тетјум кој пред шест месеци се разведе од сопругата Џена Деван.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …