Иако чествувањето на роденденот на принцот Чарлс, на еден начин, се одвива во текот на целата година, најзначајниот ден е денеска – 14. ноември кога идниот престолонаследник наполни 70. години.
Официјалните фотографии и едно видео се дело на кралскиот фотограф Крис Џексон.
На две од фотографиите, принцот од Велс позира покрај сопругата Камила, принцот Хари со војвотката Меган и принцот Вилијам со војвотката Кетрин и нивните три мали деца.
5.годишниот принц Џорџ седи во скутот кај дедо си Чарлс, слатката принцеза Шарлот седи покрај војвотката Камила, додека најмалиот член на кралското семејство, принцот Луи, е во рацете на мајка си Кетрин.
Претходно беше објавена и фотографија на која Чарлс се забавува со малечкиот принц Луи.
Автор на фотографиите е кралскиот фотограф Крис Џексон кој видеото и фотките ги стави и на својот профил на Инстаграм.