(ВИДЕО) Битно е да си странска „ѕвезда“: Колективен транс по Ана и Раста во Скопје!

Ако се анализираат музичките состојби кај соседите, Србија, Ана и Раста повеќе беа присутни во медиумите по нивните приватни состојби, брак па и подоцнежни проблеми…отколку по успешното музичко творештво,хитови…
Пред неколку дена биле во Скопје и, од видеото може да се види, дека направиле одличен маркетиншки потег кога пееле пред фановите во Скопје Сити мол…секако, пред претстојниот концерт…
Српската музичка двојка Ана Николиќ и Раста вчера се дружеа со фановите во Скопје Сити Мол. Раста и Ана за нив го извеле нивниот хит „Случајност“, а потоа испеале уште неколку песни од последниот албум на Ана – „Лабилна“. Тие дошле во Скопје како најава на нивниот заеднички концерт што ќе се одржи на 16. февруари во арената „Борис Трајковски“.
Тие во интервју (за репортер.мк) откриле дека медиумите за нив пишуваат од самиот почеток на врската и дека не ги поштедиле ни во време на брачната голгота, па дури и пишувале дека разводот е маркетиншки трик.
Двојката во интервјуто додала дека се навикнале на целата фама околу нив.
Тие во текот на минатата година добија ќерка, се разведоа, па се смирија, а наскоро заедно ќе пеат на концерт во Скопје.
„И’ приватно и работно сме отсекогаш заедно. Но, низ сето ова време имавме и ние голготи, секако во бракот, но и со новинарите што пишуваат се’ и сешто. Можеби нашето игнорирање да зборуваме за приватниот живот не доведе во ситуација да пишуваат сешто за нас. Ама ние, ете, пребродивме се’, па и брачната голгота“, рекол Раста.


🌟Rasta & Ana Nikolic 🌟


Posted by Skopje City Mall on Dienstag, 30. Januar 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …