Пријавувањето за 6. Авицена Женска трка е отворено!

До 4. февруари специјална промоција со можност за избор на стартен број.

Денес, 01.02.2018, официјално се отвора пријавувањето за Авицена Женската трка 2018. 6-та трка ќе се одржи во недела, 1-ви април и ќе стартува во 10.00 часот. Минатата година околу 1.500 натпреварувачки трчаа во Градски парк додатно зацврстувајќи ја Авицена Женската трка како синоним за здравјето и здравиот начин на живот.
Со денешното отворање организаторите за сите кои ќе се пријават овозможија до 4-ти февруари да го одберат својот омилен стартен број. Во првиот бран, кој трае до 15-ти февруари, котизацијата изнесува 150 денари, а самото пријавување завршува на 28.03.2018. Оваа година е приредено исклучително изненадување со тоа што трката ќе биде од уличен карактер и ќе се одржи на бул. Илинден во Скопје. За прв пат стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотoс на Бул. Илинден и ќе се трча по самиот булевар во еден круг од 2 км.
Стартниот пакет за Авицена Женска трка вклучува стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотарија и подароци од спонзорите.
Оваа година загревањето ќе биде пред платото на Фонтанa Лотoс таму по завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.
Пријавувањето и регистрацијата заАвиценаЖенската трка2018може да сенаправипреку официјалната веб страна на Авицена Женска тркаwww.zenskatrka.mkи преку партнерот за онлајн регистрација наАвицена Женска тркаwww.smartrace.club.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот фолк пејач Душко Георгиевски

Душко Георгиевски е роден на 16 мај 1972 година во Свети Николе. Тој е македонски …