Седумгодишниот принц Џорџ синоќа беше една од главните sвезди на натпреварот помеѓу Англија и Италија. Медиумите се преплавени со фотографија од тажниот мал принц по поразот на Англичаните по изведувањето на пеналите, но Интернетот зуи за друга сцена од натпреварот.
Откако Англија погоди во втората минута од натпреварот, кралското семејство покажа дека и тие знаат да се радуваат во јавност. Принцот Вилијам скокна од столот, а сите зборуваат за реакцијата на малиот Џорџ, кој по голот започна да ги гушка своите родители.
Прегратката со мама Кејт била особено импресивна
Британското кралско семејство главно беше воздржано кога станува збор за емоции и прегратки во јавноста, но синоќа не можеа да се воздржат.
Англичаните полудеа по принцот на социјалните мрежи.
„Колку слатко“, „Ова е најслаткото нешто досега, нивните реакции се прекрасни“, „Сцената во која Џорџ ја гушка својата мајка по голот е најубавата што сум ја видел оваа година“, „Дефинитивно најдобриот кралски момент досега”, пишуваат воодушевените Англичани под снимката на среќниот принц, кој сепак во палатата Кенсингтон си заминал тажен.
Фото: Принтскрин/Youtube