Деветгодишно девојче по име Виктори ги воодушевило судиите на шоуто America’s Got Talent (Америка има талент).
Виктори го извела „Валцерот на Јулија“ од операта „Ромео и Јулија“ и ги оставила сите присутни во салата во чудо. Таа дури успеала да го омекне и срцето на строгиот Сајмон Кауел кој одлучил дека девојчето го заслужува Златното копче и ги поканил сите да го направат истото и да и обезбедат пласман директно во полуфиналето.
„Ангелски го изведе ова“, и’ рекол судијата Хови Мандел, а таа ги воодушевила и Хајди Клум и Софија Вергара. Публиката станала на нозе по настапот на малата Виктори и ја наградила со долг аплауз.
„Мислам дека си неверојатно храбра што си се пријавила“, и рекол Сајмон и го поканил водителот заедно со членовите на жирито да го притиснат „Златното копче“.
Нејзиниот настап е прегледан над седум милиони пати во рок од три дена.
Фото: Принтскрин/Youtube