СИНОВАК СООПШТИЛ: Нашата вакцина е безбедна за деца!

Кинеската компанија Синовак денес објави дека прелиминарните податоци покажуваат дека нејзината вакцина против вирусот корона е безбедна за деца на возраст од три. до 17. години.
Компанијата Синовак наведува дека ги доставила податоците до кинеските регулатори за лекови.
Кина одобри употреба на оваа вакцина кај возрасни, но не и кај деца, бидејќи, како што пренесуваат медиумите, нивниот имунолошки систем може различно да реагира на вакцината.
Медицинскиот директор на Соновак, Генг Зенг, на прес-конференција рекол дека клиничките испитувања во рана и средна фаза, во кои учествувале повеќе од 550 лица, покажале дека вакцината ќе предизвика имунолошки одговор.
Тој додал дека двајца приматели на вакцината имале висока температура.
Како што прецизирал, станува збор за едно дете од три години и едно од шест години.
Другите испитаници имале лесни симптоми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …