Починал славниот глумец Џорџ Сегал

Американскиот актер Џорџ Сегал починал на 87-годишна возраст, се вели во изјавата на неговата сопруга Соња во вторникот.
„Семејството е скршено што мора да објави дека Џорџ Сигал почина утрово по компликациите предизвикани од операцијата за бајпас“, рекла Соња Сегал во изјавата испратена до Variety и Deadline Hollywood.
Сегал стана популарен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век со своите драматични и комични улоги.
Тој глумеше со Ричард Бартон и Елизабет Тејлор во филмот Кој се плаши од Вирџинија Вулф и за тоа доби номинација за Оскар за најдобра споредна улога.
Неговите други значајни улоги беа во филмовите Брод на будали, Крал на стаорци и Допир на класата.
Во текот на 80-тите години тој не успеа да остане на списокот на актери за А-филмови, па се сврте кон телевизијата и „ситкомите“.
Покрај глума, тој исто така играше музика и свиреше банџо. Тој со неговиот Beverly Hills Unlisted Jazz Band настапил во њујоршкиот Карнеги Хол во 1981 година.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …